Развој на мозочна технологија: Илон Маск создаде „среќен″ мајмун

Објавено на 2 февруари, 2021 во 09:02

Ilon Musk

02.02.2021

Илон Маск во неговата нова компанија Neuralink, работи на поврзување на мозокот со компјутерите. Цел на оваа мозочна технологија е третирање на мозочни и ‘рбетни повреди и враќање на изгубените можности кај луѓето преку вграден чип. Тој тврди дека  во компанијата има мајмун чиј мозок безжично е поврзан со компјутерот кој  му овозможува да игра видеоигри, објави Блумберг.

Точниот вид на мајмунот е непознат, но според Блумберг, тоа е примат.

– Не можете да видите каде е имплантот и тој е среќен мајмун. Ги имаме најдобрите простории за мајмуни во светот. Ние сакаме да играме ум понг заедно – изјавил Маск.

Маск се повикува на верзија на една од првите видео игри Понг (базирана на пинг-понг), во која наместо раце се користат мозочни бранови.

Тој изјавил дека наскоро ќе објави видео од мајмунот.

Мите Јаначков                                                                                                                       

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.