Развој на мозочна технологија: Илон Маск создаде „среќен″ мајмун
02.02.2021
Илон Маск во неговата нова компанија Neuralink, работи на поврзување на мозокот со компјутерите. Цел на оваа мозочна технологија е третирање на мозочни и ‘рбетни повреди и враќање на изгубените можности кај луѓето преку вграден чип. Тој тврди дека во компанијата има мајмун чиј мозок безжично е поврзан со компјутерот кој му овозможува да игра видеоигри, објави Блумберг.
Точниот вид на мајмунот е непознат, но според Блумберг, тоа е примат.
– Не можете да видите каде е имплантот и тој е среќен мајмун. Ги имаме најдобрите простории за мајмуни во светот. Ние сакаме да играме ум понг заедно – изјавил Маск.
Маск се повикува на верзија на една од првите видео игри Понг (базирана на пинг-понг), во која наместо раце се користат мозочни бранови.
Тој изјавил дека наскоро ќе објави видео од мајмунот.
Мите Јаначков