Само 238 евра за репрезентација и за гориво 7 520 евра потрошени во последен квартал во 2020 година од страна на Општина Велес

Објавено на 2 февруари, 2021 во 13:49

145260762 2777901582449986 4871396209061716700 n

02.02.2021

Наспроти сите критики и факти, бројките што денеска ги соопшти Градоначалникот Аце Коцевски, говорат дека Општина Велес во последен квартал во  2020 година од буџетот како капитални расходи инвестирала во изградба на нова и обнова на постојната инфраструктура вкупно 89.827.615 денари што е за 21,15% повеќе од 2019 година и за 27,63% повеќе од 2018 година.

Општината парите ги потрошила за подигнување на квалитетот на живот на граѓаните. Конкретно парите биле наменети за следниве проекти.

-Минатата година реализиравме голем број проекти за изградба и реконструкција на улици, водоводни и кaнализациони системи во градот и населените места, нови сообраќајни решенија како и уредување на индустриските зони. Сето ова успеавме да го оствариме во услови на една од најголемите светски кризи во историјата, пандемијата на Ковид 19, чии последици сеуште ги трпиме“, рече Градоначалникот Коцевски.
Во минатата година општината инвестирала близу 19 милиони денари повеќе средства во споредба со 2019 година или близу 25 милиони денари повеќе од 2018 година.

145224405 1834183790096699 6705486992745606355 n

-Доказ дека со парите на граѓаните општината работи домаќински и одговорно се податоците кои покажуваат дека во 2020 година за репрепрезентација општината потрошила само 14.640 денари, во споредба со средствата што за оваа намена се потрошени во мандатот во 2017 година, и тоа во вртоглав износ од 1.218.091 денари. Иста е ситуацијата и со потрошувачката на гориво, за што во 2020 година од општинскиот буџет се потрошиле 462.480 денари, додека за истата намена во 2017 година се платиле 1.088.829 денари, додаде Коцевски.

Градоначалникот соопшти дека бил задоволен од финансиските резултати како и заштедата на средства според него за не суштински трошоци, како и дека ќе остане на ставот за домаќинско и транспарентно работење со средствата на граѓаните што треба да завршат за решавање на нивни проблеми и потреби.

Граѓаните мора да бидат приоритет на секој иден градоначалник порача Коцевски.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.