(ОБНОВЕНО) МВР соопшти дека товарен воз прегази маж во центарот на Велес
04.04.2021
Увидот на Секторот за внатрешни работи Велес на лице место на несреќата сеуште трае но според првичните информации на Министерството за внатрешни работи денешната сообраќајна несреќа во која товарен воз прегази човек во Велес се случила во 11:15 часот во близина на мост „Гемиџии“. Возот сообраќал на релација Гевгелија – Скопје – Трубарево.
Засега од МВР потврдуваат дека загинат е маж.
Подетални информациии се очекуваат штом екипата на СВР Велес го заврши увдот. На лице место на несреќата се и шефот на Железничката станица Велес и други раководни лица на станицата.
Железничкиот сообраќај на пругата Скопје – Гевгелија е во прекин.
Полициските службеници на СВР Велес го регулираат сообраќајот во градот. Иако не е во функција преминот преку железничката пруга на мост „Гемиџии“ нема повеќе метеж низ ценарот на градот.
Според непотврдени информации на извори на Дума.мк починатиот маж се наоѓал на пругата во близина на преминот на мостот „Гемиџии“ кога машиновозачот го забележал и вклучил сирена и почнал да кочи.
Убавка Јаневска