Филипче: До крајот на јуни очекувам голем дел од населението да биде вакцинирано и да се врати животот во нормала
Објавено: 7 април, 2021, во 07:58 часот
07.04.2021
„Ние сме една од ретките земји во Европа, во која целосно се вакцинирале здравствените работници што работат со Ковид-19“, изјави вечерва министерот за здравство, Венко Филипче за емисијата „200“.
Според него, тоа е голем успех и така била димензионирана нашата стратегија со пандемијата.
„Нашиот пристап беше навремен и одговорен во однос на вкупното менаџирање со кризата. На крајот од јуни очекувам голем дел од населението да биде вакцинирано и со тоа постепено враќање на животот во нормала“, потенцира министерот.


