Денеска се празнува Светата маченичка Матрона
09.04.2021
Како сиромашна девојка беше слугинка во куќата на еден Евреин во Солун. Жената на Евреинот постојано ѝ се потсмеваше за нејзината вера во Христа и ја наговараше да се одрече од Него, и да оди во синагогата. Но, кротката Матрона ништо не ѝ одговараше на својата госпоѓа, а тајно Му се молеше на Господ Христос.
Еднаш Еврејката дозна дека кришум од неа Матрона отишла в црква, па сета во гнев ја запраша зошто не отишла во синагогата туку в црква. Матрона ѝ одговори: „Затоа што во христијанската црква живее Бог, а од еврејската синагога Он отстапи.“ Бесна заради овој мажествен одговор, Еврејката ја натепа и ја затвори во една темна одаја, а уште и ја врза. Но, утредента ја најде одврзана со Божјата сила како клечи на молитва и Го фали Бога.
По ова уште на двапати Еврејката ја затвараше и ја измачуваше со глад додека слугинката не ја испушти душата. Тогаш нечестивата жена го зеде телото на Светата девојка и од високо од нејзината куќа го фрли на земја. Христијаните го зедоа телото и чесно го погребаа, а кога епископот Александар ги дозна многубројните чуда на светата маченичка, на нејзиниот гроб подигна црква. Злобната Еврејка наскоро ја постигна праведна казна: од истото место на куќата од коешто го фрли долу телото на Матрона, таа се лизна, падна на калдрмата и умре.
