Македонија трета во светот по број на починати од ковид-19 во последните седум дена

Објавено на 9 април, 2021 во 09:13

infektivna kovid ambulanta korona virus 1 1024x700

09.04.2021

Нашата земја се најде во светскиот врв според стапката на починати од ковид-19 во последниве седум дена. Според статистиката објавена на „Financial Times“, Македонија е на третото место со две починати лица на 100 000 жители во последната недела.

Пред нас во ова рангирање се Унгарија која е прва со 2,44 починати на 100 000 жители, додека на второто место е Босна и Херцеговина со 2,31 починати.

Кога станува збор за бројот на новозаболени со ковид-19 во последната недела, заклучно со 7 април 2020, Македонија, исто така, се наоѓа на високото 11 место во светот со 52,8 лица на 100 000 жители.

Во оваа рангирање пред нас се Турција, Јордан, Естонија, Полска, Кипар, Србија, Унгарија, Бахреин, Уругвај и Куракао, земја која бележи најголем раст на инфицирани со коронавирусот во последните седум дена.

Инаку, анализата на „Financial Times“ е направена по собраните податоци од Институтот „Џон Хопкинс“, Светската здравствена огранизација (СЗО), „UK Government coronavirus dashboard“, Агенцијата за јавно здравје на Франција и шведската агенција за јавно здравје.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.