(Видео) Баба од Колумбија по втор пат го победи коронавирусот, од болница испратена со аплаузи

Објавено на 10 април, 2021 во 15:31

KarmenKolumbija fin

10.04.2021

Кармен Хернандез, на возраст од 104 години, е бабата од Колумбија што по втор пат го победи коронавирусот. Кармен првпат се заразила со ковид-19 во јуни 2020 година и се лекувала во домот за стари лица во Сан Хозе, каде живее 25 години.

Откако била вакцинирана во февруари, годинава, Кармен веќе во март по втор пат се разболе од коронавирусот. Тогаш беше примена на болничко лекување и се лекуваше на интензивна нега.

По 21 ден од лекување и борба против короната, Кармен конечно беше пуштена од болница.

Баба Кармен од болницата беше испратена со аплауз и овации од медицинскиот персонал.

                     

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.