Рашковски се повлекува од функцијата: Вистината нека се провери преку институциите
14.04.2021
Утрово Драги Рашковски преку писмо упатено до премиерот Зоран Заев се повлече од функцијата секретар на Владата.
Во својата оставка вели дека му е жал за тоа што проектот нема да се изреализира и земјава и понатаму ќе биде во редот за земји со најголем број жерви во сообраќајот.
-Вистината нека се провери преку институциите. Нема затскривање позади функции. За лажните вести најдобро искуство да го преточиш во научен труд е преку лично искуство. Се надевам лажните вести ќе престанат, зошто нивното негативно влијание не штети само лично. Вистинската причина за повлекувањето е наведена во самото писмо. Се поразлично од тоа е лажна вест, пишува Рашковски.
Во ДКСК отворени се предмети за набавката на софтвер за контрола во сообраќајот кој Рашковски како генерален секретар на Владата го распишал без знаење на МВР. Се проверува и неговата имотна состојба која не е еднаква со пријавеното во неговиот имотен лист.