Денеска ќе се вакцинираат пратениците

Објавено на 23 април, 2021 во 07:50

boris trajkovski1

23.04.2021

Денеска во А1 СЦ Борис Трајковски ќе се вакцинираат пратениците од Собранието.

Вакцинацијата на пратениците ќе се одвива во три групи, односно од 10 до 18 часот. На 14 ти месецов беа вакцинирани собраниските служби.

„Вакцинирањето на пратениците и вработените во Собранието е од клучна важност за нормално функционирање на законодавниот дом и непречено носење на закони во интерес на граѓаните. Од почетокот на имунизацијата во нашата земја, согласно Националната стратегија таргетирани се три главни приоритетни групи со цел да се обезбеди функционирање на здравствениот систем, да се заштитат лицата со најголем ризик од заболување, компликации и смрт, како и да се одржат основните услуги на критичната инфраструктура“, информираат од Министерството за здравство.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.