Панче Иванов најави низа мерки за земјоделците и сточарите предвидени во Планот за живот во Македонија

Објавено на 28 ноември, 2016 во 14:32

Финансиска поддршка од 50 проценти од државата при купување на првото стадо, поддршка од педесет проценти од инвестицијата за насади на нови површини, десет проценти поголеми субвенции во првите пет години за млади земјоделци до 35 години, финансиска поддршка од педесет проценти за набавка на современа земјоделска механизација. Ова се само дел од низата мерки предвидени за земјоделците и сточарите во Планот за живот во Македонија на СДСМ и коалиционите партнери. Од Велес денеска ги најави кандидатот за пратеник Панче Иванов.

– Го укинуваме персоналниот данок на приход, остварен од основна земјоделска дејност, педесет проценти поефтина нафта за земјоделска механизација, доделуваме државно земјиште за сточарите сами да произведуваат добиточна храна, намален ДДВ за добиточна храна од 18 на 5 проценти, 80 денари суибвенции за килограм тутун од прва класа, 70 денари за втора и 60 денари за трета класа, четврта класа тутун се укинува, рече Иванов.

Во Планот за живот во Македонија предвидена е минимална плата од 12 илјади денари во првата година, а 16 илјади денари до 2020 година./Д.С

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.