Заев се вакцинираше со „Синофарм”: Се чувствувам одлично
Објавено на 6 мај, 2021 во 15:01
Ја извршив мојата лична, но и граѓанска должност и ја примив првата доза од вакцината на „Синофарм“. Онаа вакцина којашто беше во моментот на располагање, кога ми дојде мене редот согласно националниот план за имунизација, изјави денеска премиерот Зоран Заев.
-Се чувствувам одлично и ќе ја продолжам мојата дневна работна агенда и во попладневните часови. Ги охрабрувам сите граѓани да се пријават за термин за вакцинација на веб-страницата www.vakcinacija.mk. Единствениот ефикасен начин за заштита од коронавирусот. Вакцините се безбедни, проверени, тестирани. Навистина, колку побрзо заврши процесот на имунизација толку побрзо ќе заврши оваа борба со овој невидлив непријател, изјави Заев.