Иванов: Граѓаните во недела ќе избираат меѓу живот и режим
На последниот ден од изборната кампања, пред велешани се обрати и кандидатот за пратеник на Коалицијата за живот во Македонија, предводена од СДСМ, во терата изборна единица Панче Иванов. Тој рече дека граѓаните во недела ќе избираат меѓу живот и режим. Им порача да стават крај на обидите на Груевски и ВМРО ДПМНЕ да шират лаги, стравови и притисоци.
– Ако сте корисник на социјална помош и ако гласате за промени, ќе си ја задржите социјалната помош што ви е загарантирана со закон и таа ЌЕ РАСТЕ! Така гласате за ЖИВОТ! Ако сте пензионер и ако гласате за промени, вашата пензија ќе ја добивате редовно како што ви следува по закон,пензиите ќе растат како што ќе растат платите на сите други граѓани. Ако сте земјоделец и ако гласате за промени, вашите субвенции ќе бидат редовни, како што е загарантирано со закон и ќе растат. Ако сте вработен во администрација и ако гласате за промени, ќе останете на вашето работно место и никој нема да ви врши партиски притисок како сега, рече Иванов.
Иванов порача дека ќе нема ниту федерализација ниту кантонизација туку само конфискација на криминално стекнатите пари и имот. Ги повика велешани да гласаат достоинствено и да не дозволат друг да влијае врз нивната одлука./Д.С