Рудниците Добрево и Тораница одат во стечај

Објавено: 19 ноември, 2015, во 15:07 часот

1.000 рудари од Пробиштип и Крива Паланка од утре ќе се најдат на списокот на невработени во Агенцијата за вработување, а ќе добиваат паричен надоместок најмногу до 18 месеци во зависност од работниот стаж. Штипскиот Основен суд денеска ја донесе одлуката рудниците Добрево и Тораница, кои беа во сопственост на индиската фирма Индо минерали и метали да заминат во  стечај, јави Телма.

Синдикатот на рудниците велат дека поради лошите финасиски состојби и условите за работа сепак за нив ова е позитивна вест, бидејќи немаат добиено четири плати, ниту пак имаат здраствено осигурување, кое им е потребно не само на нив, туку и на нивните деца.

Стечајот го покрена скопска фирма  „Автотехна“ ДОО Скопје, а подоцна се приклучија и уште тројца  доверители на кои индиската Индо минерали и метали  им должи   за неплатени поправки и одржувања на опремата и машините во рудниците, побарувања имаат и фирми за обезбедување на храна, транспорт, но и државните и локалните институции во Пробиштип и Крива Паланка. Пробиштипскиот градоначалник, Тони Тоневски вели дека сега е потребно да се избере сериозен инвеститор за рудниците.

Текстот во целост прочитај го тука.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.