Рудниците Добрево и Тораница одат во стечај
1.000 рудари од Пробиштип и Крива Паланка од утре ќе се најдат на списокот на невработени во Агенцијата за вработување, а ќе добиваат паричен надоместок најмногу до 18 месеци во зависност од работниот стаж. Штипскиот Основен суд денеска ја донесе одлуката рудниците Добрево и Тораница, кои беа во сопственост на индиската фирма Индо минерали и метали да заминат во стечај, јави Телма.
Синдикатот на рудниците велат дека поради лошите финасиски состојби и условите за работа сепак за нив ова е позитивна вест, бидејќи немаат добиено четири плати, ниту пак имаат здраствено осигурување, кое им е потребно не само на нив, туку и на нивните деца.
Стечајот го покрена скопска фирма „Автотехна“ ДОО Скопје, а подоцна се приклучија и уште тројца доверители на кои индиската Индо минерали и метали им должи за неплатени поправки и одржувања на опремата и машините во рудниците, побарувања имаат и фирми за обезбедување на храна, транспорт, но и државните и локалните институции во Пробиштип и Крива Паланка. Пробиштипскиот градоначалник, Тони Тоневски вели дека сега е потребно да се избере сериозен инвеститор за рудниците.
Текстот во целост прочитај го тука.