Производителите на праски незадоволни од откупната цена
Незадоволни од цената по која им се откупува годинашниот род се поголем дел од производителите на праски во Росоман. Денека посетивме откупни пунктови. На еден од нив колони трактори чекаа ред да го продадат родот. Овоштарите ни се пожалија дека цената која им се плаќа за откуп не им ги покрива трошоците.
Ги продавале праските за преработка и им се плаќале по 6 денари за килограм. На друг откупен пункт цената за откуп денеска беше 16 денари за килограм. Сопственикот на откупниот пункт ни рече дека пласманот на откупените праски е на рускиот пазар. Раздвижено беше и на кванташкиот пазар. Таму праската се продаваше од 10 до 20 денари за килограм во зависност од квалитетот. Овде производителите си ги земаат парите во кеш, за разлика од откупните пунктови каде треба да чекаат за наплата.
Најголемиот дел од денешната понуда на праски беше со одличен квалитет. На кванташкиот пазар килограм кардинал се откупуваше по 15 денари. Производителите разочарани што и цената за ова рана сорта на трпезно грозје на старт не е според нивните очекувања.
За состојбата со откупот на праски побаравме видување и од градоначалникот Стојанче Лазов. Тој оценува дека годинава овоштарите се соочија со проблеми од пролетните мразови и ударот на град во три наврати. Со тоа голем дел од производството е оштетено, но генерално нема проблеми.
– Бидјеќи и самиот потекнувам од земјоделско семејство можам да камжам дека животот на земјоделецот е многу тежок. Една година може да земииш, потоа две – три години да не заработиш ниту за трошоците. Во три наврати имавме град кој направи штети. Имаме поголема понуда на праски од актуелните сорти на откупните пунктови. Откупот на праски за преработка е шест денари и плус два денари субвенција од владата за склучен договор со преработувачки капацитет во државата. ТОа е цена која толку толку ќе им ги врати трошоците. Не е проблем пласманот, проблем е квалитетот. Вчера по 13 часот немаше праска на кванташки пазар, се беше продадено. Верувам дека и во натамошниот период ќе немаме проблеми со откупот- рече Лазов./А.Д