Велешката полицијата поднесе кривична пријава за „даночно затајување“ против скопјанец

Објавено: 1 октомври, 2026, во 14:02 часот

Сектор за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава против шеесет и три годишниот М.И. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.

„По извршен претрес во хотел во Велес, на 2 септември, годинава, било констатирано дека пријавениот изнајмувал хотелски соби како физичко лице, наплатувал парични средства, а остварените приходи не ги пријавувал пред надлежниот даночен орган, ниту ги евидентирал како остварен приход,“ соопшти Министерство за внатерешни работи. 

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.