Совети за убава и негувана коса
Објавено: 24 јануари, 2015, во 11:06 часот
Ако косата ви е природно мрсна ништо нема да постигнете со грубо триење на темето додека ја миете. Најдобро би било да земете прамен по прамен од косата меѓу дланките и да им втриете шампон само директно во косата.
Иако се чини необично дека многу светски фризери предлагаат да ја миете косата еднаш неделно со негазирана минерална вода,ќе се изненадите од ефектот.
Производите за styling никогаш не ги нанесувајте директно на косата. Задолжително прво ставете ги на дланките а потоа протријте. Така ќе успеете рамномерно да ги нанесете на косата а да не ја упропастите фризурата или да не ви се залепи косата.
Потстрижената коса изгледа погуста и поздрава.
