Работник се здобил со тешка телесна повреда во велешка фирма, одбил болничко лекување

Објавено: 30 јуни, 2026, во 19:30 часот

Триесет годишниот Б.К е работникот којшто вчера, 29 јуни , околу 16:00 часот бил донесен во ЈЗУ Општа болница Велес со здобиена тешка телесна повреда на глужд на нога. Пациентот бил примен во болницата каде биле направени прегледи и снимања.

-Пациентот бил примен со скршеница на левиот глужд. По извршени прегледи и рентген снимања,  поставена му е имобилизација на глуждот на ногата. Потоа Б.К одби понатамошна хоспитализација и третман, соопшти д-р Ана Марија Џунџева портпаролка на Општа болница Велес.

Болницата во Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес пријавила дека Б.К.(30) од Велес на работно место во фабрика во велешко се здобил со тешка телесна повреда.

-Известен бил јавен обвинител, а увид во фабриката извршила увидна екипа на СВР Велес, соопшти Ана Милевска Георгиева портпаролка на СВР Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.