Пилинг за убави пети
Објавено: 20 јануари, 2015, во 09:58 часот
Негата на петите мора да биде континуирана и сеопфатна. Не можете една недела на секој начин да се грижите за нив а другата да заборавтет дека псотојат. Пилингот се препорачува да се прави еднаш неделно,хидратацијата секојдневно,пред спиење.
Пилингот на пети можете да го правете со камен,цврста четка или турпија за пети,кои темелно ги отстрануваат мртвите клетки од кожата.
За оние кои сакаат да направат нешто позначајно за изгледот на своите стапала ви препорачуваме неколку природни совети.
Морска сол и маслиново масло. Измешајте 10 грама овесни снегулки,25 грама мед и сок од половина лимон. Смесата загрејте ја и нанесете ја на стапалата на 40-60 минути.
Изрендан морков измешајте со мелени овесни снегулки во размер 1:3. За мекост додадете и сок од морков. Нанесете на стапалата 30-60 минути.
Направете раствор :во литар топла вода додадете 2 лаички хидроген 3%.Нозете држете ги во овој раствор потоа исчистете ги петите со камен или турпија.
Пред да одете на спиење опуштете ги стапалата во врела сурутка од кисело млеко на половина час,потоа намачкајте со смеса од рицинусово масло и глицерин.
