Вратете го во живот стариот лак за нокти
Објавено: 19 јануари, 2015, во 08:38 часот
На сите нис е случило во анјлошо време да забележиме дека омилениот лак за нокти не се исушил или згуснал. Додека да го замените со нов можете да го вратите во живот и да го направите повторно употреблив.
Веројатно ви е познат трикот кој со помош на ацетон можете да го разредите лакот. Иако е делотворен,тој трик не е совршен бидејќи ацетонот всушност ја разлага структурата на лакот и долгорочно му наштетува.
Наместо трик со ацетон лакот подобро ставете го во фрижидер. Оставете го во фрижидер преку ноќ и утре ќе биде ист како и првиот ден кога сте го купиле. За да не го уништите дејството најдобро е лакот постојано да го чувате во фрижидер.
