Маска за чиста кожа
Објавено: 15 јануари, 2015, во 09:24 часот
Сјајна и убава кожа е сон нa секоја жена, но со денешниот брз начин на живеење се потешко е таа да се одржува. Најдобар начин за одржување на чиста кожа е правење на природни маски дома. Еве наш предлог:
Потребни состојки :
Една зрела банана,една лажица јогурт,една лажица мед,една лажица сок од лимон.
Начин на подготовка:
1. Во сад додадете го пирето од банана и јогурт.
2. Подоцна додадете мед и сок од лимон и мешајте се додека да добиете мазно тесто.
3. Нанесете го ова на лицето и вратот и оставете да се исуши а потоа измијте.
4. Лимонот е природен избелувач кој ќе ви помогне да добиете сјајна и чиста кожа.
5. Бананата е исто така добра за избелување.
6. Јогуртот е хидратантно средство како и медот.
