Најскапиот рачен часовник на светот

Објавено: 16 декември, 2014, во 08:53 часот

Лондонската куќа за дијаманти ,Graff Diamonds, го претстави моделот Hallucination изработен од ретки шарени дијаманти.

Прекрасната калеидоскопска изработка има дури 110 карати а вредноста на овој прекрасен примерок се проценува на неверојатни 55 милиони долари.

Претставниците на Graff Diamonds изјавија дека на овој прекрасен часовник работеле најдобрите дизајнери,златари и дека неговата изработка траела 1000 часови работа.

Овој часовник е вистинско ремек дело. Долго размислував околу дизајнирање на единствен часовник изработен од дијаманти.А овој модел е всушност остварување на мојот сон,изјави Lauren Graff,директорка на Graff Diamonds.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.