Неготино го одбележува денот на општината

Објавено: 8 ноември, 2014, во 11:38 часот

Неготино денеска одбележува 70 години од ослободувањето. По тој повод беа доделени и годинeшните награди и признанија на граѓани кои го  афирмираат градот и општината, дома и во странство. Највисокото општинско признание годинава го доби  Фабриката Слобода АД Неготино. Наградата му беше врачена на генералниот директор Цане Коцевски.

Признанија добија и  Лукас Мирингер-менаџер на ДММ Дрекслмајер Мануфактурниг Македонија, Здружението на граѓани „Ековита“, младиот планинар Ване Бошев, Ристе Волчев-магистрант на Градежен факултет и на Центарот за регионален одржлив развој. /A.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.