Патот Курија-Паликура и официјално ги поврза Росоман и Неготино

Објавено на 25 септември, 2014 во 13:04

Патот Курија-Паликура кој ги поврзува Росоман и Неготино со должина од 3 километри денеска и официјално беше пуштен во употреба. Неговата изградба чинеше 350 илјади евра. Градоначалниците на двете општини, Стојанче Лазов и Ванчо Апостолов искажаа задоволство што  граѓаните од двете општини ќе можат полесно да комуницираат, бидејќи на овој дел се наоѓаат и бројни лозови насади.

Според нив реконструкцијата на овој патен правец ќе има и големо влијание во развојот на економијата,  овозможува скратување на патувањето од Неготино до Росоман за цели 11 километри.

 

„Се работи за многу значаен пат за развој на овој регион со што се скратува патот од Неготино за Росоман за цели 11 километри. Патот е значаен и за лозарите кој претхоно одеа по многу лош пат. Сега имаме модерен асфалтен, пат така ова дополнително ќе придонесе за развој на земјоделството во овој регион“ рече министерот за транспорт и врски Миле Јанкиевски и  информира дека во фаза на постапка е избор на компанија за изградба на уште педесетина локални патишта на територијата на Република Македонија.

Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов рече дека изградбата на овој патен правец ќе придонесе за развој на овој претежно земјоделски регион и додаде дека на негово инсистирање работници на Гранит изведоа градежен зафат и во село Курија со тампонирање на една улица во должина од 150 метри и уредување на просторот пред селските гробишта. Градоначалникот пак на Росоман,  Лазов,  со изградбата на патот гледа потенцијал за зголемен интерес за изгрдба на мини-винарии, бидејќи токму во непосредна близина се наоѓаат парцелите понудени на продажба за изградба на винарски визби.

Задоволни од новиот пат се и жителите на Паликура и Курија. Рекоа дека сега им е многу полесно бидејќи полесно и побезбедно ќе пристапуваат до лозовите насади и до пазарите./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.