Неисправна е водата во селата во општина Росоман
Објавено на 23 август, 2014 во 12:48
Резултатите од последните анализи на Ценатрот за јавно здравје Кавадарци покажаа дека водата за пиење во росоманските села Дебриште, Паликура, Камен Дол и Сирково е неисправна за пиење. Пред употреба потребно е водата да се проврива.
Во водата од селските водоводи, но и во селските чешми е пронајдена бактерија ешерихија коли, поради што водата е хигиенски неисправна.
Од центарот за јавно здравје информираат дека до надлежните структури упатени се препораки за асанација на објектите и околината, дезинфекција на водата, а до жителите се апелира задолжително превривање на водата пред нејзина употреба за пиење. /А.Д