Совршено румени образи
Објавено: 28 јули, 2014, во 09:53 часот
Од сите мејкап-производи најмногу можете да си играте со руменилото. Но, за да не изгледате како кукла или кловн, еве неколку совети за вас.
Прв чекор
Најважно е да се избере совршена нијанса на руменило! На потемен тен најдобро ќе му одговара портокалова и нијанса на праска, а на светлиот тен розови нијанси. Ако имате сува кожа, изберете крем-руменило, а ако вашата кожа е масна, изберете камено руменило или во прав.
Втор чекор
Втријте ја четката во руменилото и пред да го нанесете на образите, нежно дувнете го вишокот. Нанесете го руменилото со кружни движења на јагодиците на образите и нежно размачкајте ги рабовите додека не добиете лесен премин.
Трет чекор
Ако ви изгледа дека образите не ви се доволно нагласени, повторете го претходниот чекор. Ако пак ви изгледа дека сте претерале, лесно со памук отстранете го вишокот.
