Што кога многу ќе ги искубете веѓите

Објавено: 28 јули, 2014, во 08:48 часот

Ако претеравте со кубењето на веѓите и не можете да чекате повторно да пораснат, купете тенок апликатор, молив и сенка за веѓи.

Моливот и сенката за веѓи мора да бидат за една нијанса посветли од вашата природна боја на веѓи, а веѓите пред поправањето мора да бидат суви и чисти, без траги од крем или од пудра.

 

Со моливот за очи исцртајте ги влакненцата и со нежни движења исполнете ја линијата на нацртаната форма.Земете коса четкичка и со сенката за веѓи нежно избојте ги веѓите, како природните така и нацртаните, за да ги изедначите.

Кога ќе завршите со тоа, со чешле за веѓи или со стара четкичка за маскара исчешлајте ги веѓите за да изгледаат уредно и што поприродно.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.