Бадем и мед за сува кожа
Објавено: 24 јули, 2014, во 08:03 часот
Сувата кожа е многу поподложна на иритации што ретко се јавуваат кај нормален тип на кожа.
Лицата со сува кжа имаат проблем со нејзино лупење,појава на црвенило, изгореници од сонце, прерана појава на брчки . Затоа бара посебна нега.
Еве рецепт за маска од која вашата кожа ќе засјае.
Приготвување: Бадемите ставете ги во вода и оставете ги да стојат 20 до 30 минути. Потоа изгмечете ги и додадете лажица мед,мешајте додека добиете хомогена смеса. Маската нанесете ја на претходно исчистената кожа. Оставете да делува 20 минути, потоа измијте со млака вода. Оваа хранлива маска ќе ѝ го врати сјајот и ќе ја направи мека и нежна сувата кожа.
