Жителите на Трстеник почнаа да градат црква

Објавено на 19 јули, 2014 во 11:45

Во селото Трстеник започна изградбата на  црква посветена на Свети Петар и Павле. Денеска се поставија темелите. Иницијативата е на жителите на селото, а ја подржа и локалната самоуправа Росоман.

Мирјана Атанасова, жител на ова село, како сопственик ,ја отстапи парцелата на која ќе се издигне црквата, а најави и голема финансиска подрѓка од нејзината фирма за изградба на модерен храм во селото.

Возбудени за стартот на изградбата на селската црква се сите жители на Трстеник. Рекоа дека секој со свои можности ќе ја помага изградба на верскиот храм.

„Свет е денешниот ден и за македонската православана церква и за повардарската епархија бидејќи се гради уште еден православен храм под македонското небо“ рече отец Блаже Петров од црквата света Тројца во Росоман. За времетраењето на изградбата тој вели дека се зависи од божјата воља.

Светиот чин за осветување на темелите го извршија свештени лица од храмот Св Димитрија Кавадарци и од црквата Св Тројца во Росоман, а присутни беа поголем дел од жителите и неколку претставници од бизнис секторот кој ветија свои донации.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.