Свеж изглед за една минута

Објавено: 19 јули, 2014, во 07:02 часот

Поправете ја шминката за 2 минути

 

Наместо да ставате слоеви и слоеви на пудра што може да изгледа лошо, со коректор покријте ги несовршените кругови околу очите. Убаво нанесете со прстите за добро да впие. За крај ставете пудра во прав и тоа ќе биде доволно.

Бујна коса за 1 минута

Мислите дека за бујната коса треба многу време ? Сето ова може да се направи за 1 минута. Наведнете ја главата надоле и масирајте ја од коренот на косата. Исправете се и ставете неколку шноли позади ушите.

Совршени усни за 2 минути

Горниот дел од усната исцртајте го со молив за усна во месо боја, а долниот дел со сјај. Притиснете ги усните една со друга и ќе ја добиете посакуваната природна боја.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.