Регионална конференција за климатски промени

Објавено на 2 јули, 2014 во 07:03

Во Скопје денеска почнува дводневна регионална конференција за адаптација на климатските промени.

На конференцијата ќе бидат разменети знаења и искуства за справувањето со климатските промени и за зајакнување на соработката и развој на националните и регионалните институции во земјите од ЕКРАН мрежата.

Најавено е присуство на министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, евроамбасадорот Аиво Орав и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.