Нов асфалтен пат ги спои селата Курија и Паликура
Со нов асфалтен пат се споија селата Курија од Неготино и Паликура од Росоман. Денеска и официјално беше означен крајот на изградбата на овој пат во должина од три километри.
За реализација на овој проект беа издвоени средства во висина од 25.000.000 денари, а заеднички го спроведоа општините Неготино и Росоман со поддршка на Агенцијата за државни патишта.
За разлика од порано, сега жителите на двете села на располагање имаат нов, модерен и асвалтиран патен правец од и до Курија и Паликура, а покрај нив
бенефитите ќе го користат и огромниот број земјоделци кои на овој потег имаат сопствени површини со разни култури.
Градоначалниците на Неготино и Росоман, Ванчо Апостолов и Стојанче Лазов беа на терен и искажаа задоволство од квалитетно завршената работа од ГП Гранит. Рекоа дека асвалтираниот пат покрај за зголемувањето на безбедноста на сообраќајот, ќе придонесе за многу полесен и побезбеден транспорт на земјоделските производи од овој регион кои се носат до откупните центри, без разлика дали станува збор за праски, сливи, грозје или други култури./А.Д