Минимализам – мода популарно

Објавено: 15 мај, 2014, во 07:32 часот

Да се има стил не значи дека секогаш треба храбро да се експериментира со боите и со материјалите. Едно е сигурно – минимализмот никогаш не излегува од мода.

Иконите на стилот Тилда Свинтон или Кејт Бланшет со години се водат од овој, минималистички стил на облекување.Тие што го избираат овој стил на облекување се карактеризираат со софистицираност и отменост. Во минималистичкиот стил нема непотребни детали.

За минималистички стил на облекување потребни ви се: пантaлoни со рамен крој,геометриска чантa,капут со едноставен или асиметричен крој,интересни чевли,едноставен фустан или туника со А-крој

Силните и нападни бои не се добредојдени кога зборуваме за минималистичкиот изглед. Ако сакате да го следите овој начин на облекување, тогаш избирајте бела, црна, сива, крем и сите посветли нијанси на кафена.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.