Маски за свилена и сјајна коса

Објавено: 3 мај, 2014, во 09:42 часот

Ако сакате прекрасна,сјајна и бујна коса само миење и нанесување на регенератор не се доволна нега. Еднаш неделно косата треба да се нахрани со маска затоа ви донесуваме рецепти за маски кои косата ќе ја направат здрава,свилено мека и сјајна.

Хидратантна маска – Измешајте по три лажички кокосово и рицинусово масло. Нанесете ја смесата на косата,оставете да делува еден час и измијте на вообичаен начин. Ако имате мрсна коса,маслото нанесете го од половината до врвовите.

Маска за мека и нежна коса – Изгмечете банана додадете уште неколку капки бадемово масло и маската нанесете ја на косата. Ако имате мрсна коса не ја нанесувајте на темето. Оставете да делува 20-30 минути и измијте ја косата на вообичаен начин.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.