Најновото од Готје за оваа сезона

Објавено: 25 март, 2014, во 11:20 часот

Необични чанти кои привлекуваат внимание се дел од колекцијата пролет – лето 2014 на францускиот моден креатор Жан Пол Готје.

Малите клач чанти, но во цилиндричен облик што потсетува на лименка, се украсени со светлуцави камења и кожа на рептил. За удобноста и практичност при носењето, чантите поседуваат и долги рачки, чија должина може да се регулира.

Се претпоставува дека овој моден додаток ќе биде вистински хит и одличен во речиси секоја модна комбинација. Доколку не експериментирате со облеката и се тип што ги претпочита покласичните варијанти, тогаш оваа чанта е совршен додаток, со кој ќе внесете живост и смелост.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.