Невреме откорна дрво во Официрски дом и го рaзнесе ѓубрето по улиците во Велес!
Силен ветар неколку часа дуваше низ градот. Едно од дрвјата во дворот на Офицерски дом заврши на улицата Благој Ѓорев, но за среќа во време кога немало возило ниту пешак на тротоарот. Според очевидци екипите на ЈКП Дервен веднаш реагирале и го преместиле паднатото стебло во дворот на офицерскиот.
Но, освен ова ветрот направи големи проблеми и во сообраќајот. Ѓубрето го исфрли по улиците па кутиии и ќесиња летаа директно во ветробранските стакла и под тркалата на колите. Едвај се движеа и пешаците поради вртлозите прашина кои ги создаде ветрот.
Тој откорна и дел од лимената ограда на театарот во изградба, па еден од работниците мораше одново да ја составува. После ова очигледно е дека екипите на комуналното ќе имаат полни раце работа.
Единствено јарболот со македонското знаме цврсто стоеше на место, а ветрот силно го развеа сонцето со осум краци.
Овие фотографии ни ги испратија читателите: