XI Рекреативна велосипедска тура „Велес mtb tour 2024“, во недела, на 13 октомври (фото и видео)

Објавено на 8 октомври, 2024 во 10:14
Фото: Минатогодишна „Велес мтб тоур 2023“

Здружението на граѓани „Велес бајкинг“ под мотото 11 години рекреативен велосипедизам во Велес и исто толку години од првиот организиран велосипедски настан во градот, викендов, поточно на 13 октомври, ја организира рекреативна велосипедска тура „Велес мтб тоур 2024“. Овој настан е еден од најстарите и најголемите велосипедски настани во Македонија.

-Се очекуваат преку 250 велосипедисти и 20-на планинари кои ќе бидат директни учесници на овој голем велосипедско планинарски настан кој стана препознатлив бренд за рекреативниот велосипедизам во Велес и во целата територија на Р.Македонија, рече Зоран Јаневски претседател на ЗГ„Велес бајкинг“.

Стартот на турата е предвиден во 10:00 часот од винарија „Шато Сопот“ со рута којашто се вози низ неколку велешки села и населени места. Велосипедистите својата најголема авантура и  адреналин ќе го имаат при поминување на „дрвениот“ мост на реката Вардар во близина на село Сопот.

Велосипедската патеката поминува низ с.Белештевица, с.Раштани и с. Башино. Патеката поминува и покрај Топилница симболот на градот од годините кога Велес важеше за најзагаден град во светот.

-На целта, сите учесници ќе имаат можност да ја вкусат познатата велешка пита „Пастрмалија“ додадена со чаша квалитетно вино од винаријата „Шато Сопот“ Македонија што е и главната цел на овој настан кој е во склоп на големиот велешки Фестивал на пити и вино „Питијада 2024“, додаде Јаневски

Генерален покровител на настанот е Општина Велес , а од оваа година, организаторот, велосипедското здружение „Велес Бајкинг“ има поддршка и од Јуроп Хаус Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.