„Арена бенд“ нов музички бенд во Велес
Тројца велешани, еден неготинец и еден штипјанец се новиот музички спој во Велес. Овие млади момчиња од неодамна го основале својот музички бенд именуван како „Арена Бенд – Велес“ и имаат за цел со добра музика да ги забавуваат своите сограѓани но и граѓаните низ цела Македонија па и надвор од нејзините граници.
Пејач во бендот е велешанецот Виктор Картинов, хармоникаш и клавијатура е Баже Јанковски исто од Велес, додека на дувачки инструменти е нивниот сограѓанин Тале Наковски. За бас клавијатурата задолжен е Марио Иванов од Штип додека ударните инструменти му припаѓаат на Ерсин Абдулов од Неготино.
Од бендот велат дека наскоро на нивниот јутуб канал ќе бидат објавени и два свадбарски сплета со видео запис, но исто така напоменуваат и дека свират повеќе жанрови на музика како народен, забавен, македонски и екс-ју хитови.
Инаку, тие во моментов свират по свадби, но и домашни прослави или пак по локалите низ Македонија. Можете да ги контактирате на телефонскиот број 078/205-960 или на нивните официјални страници на фејсбук и инстаграм.
Стефани Манева