Високите штикли се кошмар

Објавено: 19 март, 2014, во 12:29 часот

Чевлите со високи потпетици се составен дел од свечената гардероба на повеќето жени, но сепак се со  своја цена и создаваат болка.

Болките најчесто стануваат неиздржливи после 2 часа и 47 минути стоење во високи потпетици, а токму тогаш една третина од жените ги менуваат високите потпетици со оние пониски ,вели студијата на британскиот Универзитет Хертфоршајр. Оние најупорните добро се подготвуваат за носење на високи потпетици, а тоа вклучува ставање на перничиња со гел во чевлите, носење неколку дена порано за да ги “олабават”, пишува “Daily Mail”.

Дури 67% од жените со себе носат во чанта резервни рамни чевли, доколку болката стане неиздржлива. Секоја трета жена би се одлучила за чевли со дебела потпетица, поради поголемата стабилност која ја даваат.Покрај тоа, голем број на жени не сакаат да возат автомобил со високи потпетици, бидејќи им се незгодни и несигурни за возење, известуваат истражувачите.

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.