Здрава коса со помош на јајца
Објавено: 19 март, 2014, во 11:26 часот
Содржат многу протеини и минерали
Јајцата се многу корисни за одржување на здравата, сјајна коса.
Содржат: многу протеини и минерали (јод, фосфор, железо и цинк).Овие минерали и протеини се во одлична комбинација која помага во обновувањето и растењето на косата.
Како да се употребат јајцата за растење на косата?
-измешајте јајце и маслиново масло или некое друго ладно цедено масло (оревово, бадемово, чичак). На едно јајце, обично се ставаат две супени лажици масло, но можете и повеќе ако вашата коса е сува и кршлива. Ставете едно капаче домашна ракија, и убаво измешајте. Нанесете на скалпот и на косата, а потоа целата глава завиткајте ја во пластична кеса одоздола, и крпа одозгора. Ракијата и пластичната кеса ќе овозможат да се зголеми температурата а со тоа да се отворат порите. Оставете ја маската да делува од 1-2 часа, а потоа исплакнете најпрво со постудена вода, за да не го сварите јајцето.
