Како да не го упропастите 8-ми март
Објавено: 8 март, 2014, во 10:36 часот
Медиумите во Русија ги советуваа мажите како да не згрешат во изборот на подароци, сугерирајки дека букетот цвеке е сигурен подарок.
Во земјата во која подарувањето цвеќе е традиционално и незаменливо во различни пригоди, празникот 8-ми март е повод за вистинска потрошувачка грозница низ која добро снабдени цвеќари можат да остварат заработувачка до пет милиони рубљи, околу 100.000 евра.
Цвеќарите ги советуваа Русите да се држат до правилата според кои на девојките им се подарува цвеќе со јаки бои, на дамите раскошни букети, на пример кали во темна боја.
Посебно внимателен треба да се биде при изборот на цвеќе за шефицата, предупредија експерти за цвеќе, сугерирајки дека за строга директорка не се задолжителни ружи во темна боја туку можеби нешто воздушесто и провидно.
Најголемата грешка која мажите можат да ја направат при изборот е кога на жена со која се сретнале еднаш или два пати ќе и подарат огромен букет бидејки таков подарок е обврзувачки и може да ја доведе жената во непријатна ситуација.
Ако мажот навистина сака со подарок да импресионира жена тогаш препорачливо е букет сезонско цвеќе. Петроградската телевизиска станица на гледачите им препорача дека е модерно пролетното цвеќе, кое треба сам да го набере или лале, божур и мимози.
Мимозата е симбол на пролеттаи обновување на светот а лалето симболизира љубов и хармонија, додека божурот среќа и просперитет, тврдат цвеќарите. Ружите во сите нијанси на црвена боја се пригоден подарок за сопругата и колешките а хризантемите за мајките и бабите.
Во очи на 8-ми март биле спроведени различни испитувања на јавното мислење за улогата на жените во државата и според резултатите дури 44 отсто од испитаниците посакале во наредните 10 до 15 години да видат жена на местото претседател на Русија. 25 отсто од испитаниците биле категорично против жените во политиката.
