Прекрасна пролетна колекција на шминки и апликатори на брендот Essence
Објавено: 3 март, 2014, во 08:52 часот
Брендот Essence за пролет подготви одлична колекција на шминки и апликатори .Bloom Me Up! Колекција на едно место собра прекрасна шминка и алатки за шминка во пастелни тонови.
Колекцијата се состои од четкички,алатки за виткање на трепките,четки со памук во боја на корали,чанта на преклоп во која можат да се сместат сите апликатори,лентички за коса,лакови и налепници за нокти,сенки,моливчиња за очи,руменила во стикови,светликав пудер во камен и кармини.
Колекцијата во продавниците стигнува деновиве.
