Како да изберете иделаен лак за нокти?
Објавено: 21 февруари, 2014, во 12:34 часот
Лесно можете да изберете која било нијанса која ви се допаѓа ,сепак дури и при избор на лак за нокти требада се држите за неколку едноставни правила. Ви донесуваме неколку совети со кои полесно ќе изберете идеален лак за своите нокти.
Спрема тенот- Ако имате светол тен најдобро ќе ви одговараат темни бои како темно виолетови,кафеави или црвени. На маслинест и средно темен тен ќе одговараат само црвена,портокалова или светло кафеава. На жените со темен тен ќе им одговара речииси секоја нијанса на лак за нокти.
Спрема облеката – Некои стручњаци тврдат дека бојата на лакот не мора да биде иста како бојата на облеката но други со тоа пак не се сложуваат.Најдобро е да ги следите инстинктите.Токму и како омилената боја на облека така и изборот на боја на лак за нокти зборува за вашиот карактер и стил.
Спрема шминката- Потребно е да ја ускалдите бојата на шминката и лакот но и не задолжително. Трудете се да не бидете премногу шарени а нема да згрешите ако се држите за строгите правила – ускладете ја бојата на карминот и лакот.
