Совети за избор на совршен кармин
Објавено: 21 февруари, 2014, во 09:27 часот
Со оглед на нивната разновидност, прав кармин е навистина тешко да се избере. Освен што треба да одговара со вашиот тен и коса,треба да одговара и со остатокот од шминката.Ако сте во потрага за совршен кармин ви донесуваме неколку совети кои ќе ви олеснат во тоа.
На златокосите жени најдобро им одговараат корални и нијанси на праска. На пепеластите девојки со светла коса им одгвараат кармини со црвена и светло виолетова и црвенкаста нијанса. На црвенокосите жени ќе им одговараат нијанси на цимет и теракота ддека на оние со потемен тен ќе им одговараат нијанси на праска или светло кафеава боја. Ако иамте светол тен и темна коса изберете светло црвена нијанса =и боја на слива и брусница. Ако иамте темна кожа и коса одлучете се за кармини со темно црвена нијанса..На плавокоси жени со светол тен најдобро ќе им одговараат сите нијанси на виолетова и розова. Ако имате темен тен основно правило е да избирате кармин посветол од бојата на кожата.
При избор на совршен кармин важна е и формата на усната. Доколку имате тенки усни избегнувајте тмни нијанси на кармин и одлучете се за посветли тонови со бисерен сјај. Ако иамте полни усни ќе ви одговараат како темни така и светли нијанси на кармин.
