Визуелно подигнете ги капаците на очите

Објавено: 20 февруари, 2014, во 09:52 часот

Со правилно користење на шминката лесно ќе ги сокриеме своите мани и да ги ситакнеме предностите. Ако ве мачат спуштените капаци,ви откриваме како со помош на шминка едноставно да ги подигнете.

Светликави сенки – Привлекуваат светлост а со тоа и вниманието. Секогаш одлучете се за светликави наместо мат сенки.

Нашминкајте го преклопот на капакот – Најмногу внимание посветете на шминкањето на преклопот. Светлата сенка нанесете ја на целиот капак а потоа со светликава кафеава и сивкаста сенка внимателно осенчете го преклопот на капакот. По линијата на трепките повлечете тенка линија со црн туш или моливче и нанесете два слоја на маскара.

Вештачки трепки – За посебни прилики изберете вештачки трепки.Потрудете се да ги залепете рамномерно и со маскара стопете ги со своите природни трепки. Освен што ќе ги подигнете капките,вештачките трепки ќе ги отворат и очите.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.