Најпосакувани очила на пролет
Објавено: 20 февруари, 2014, во 08:20 часот
Најбараниот модел на очила дефинитивно се оние од i Filigre колекцијата на куќата Dolce&Gabbana.
Луксузниот италијанскиот моден бренд Dolce&Gabbana за пролет/лето 2014 смислија колекција за чија инспирација им послужи старинската,филигранска техника со обработка на злато,па облеката и асесоарите на оваа прекрасна колекција потсетуваа на најдобриот златен еакит. Колекцијата доживеа голем успех а меѓу најбараните парчиња се издвоија женските модели на очила препознатливи по нежните и ситни филигрански цветови,кои рачно ги поставија вештите мајстори.
Моделот DG 2134 целосно е филигрански изработен,има заоблена рамка која е вистинско ремек дело,заокружувајќи го лицето со нежни спирали со бои на старо злато и букет романтично цвеќе.
Моделот DG 4211. Голема рамка на овие сончеви очила збогатена со филигрански рачки и цветни детали,проѕирни и лесни како чипка. Логото Dolce & Gabbana е сместено под завршниот слој на пластичните краеви на рачките.
