Нов јавен повик за финансирање преку програмата ИПАРД
Објавено на 15 февруари, 2014 во 13:42
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој соопшти дека денеска е објавен деветтиот Јавен повик за доставување барања за користење финансиски средства од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската унија.
Огласот ќе трае до 17 април 2014 година.
Потребната документација за подготовка и поднесување на барањата, вклучително и упатствата за корисниците на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 може да се преземат од веб-адресата на Агенцијата, како и лично во приемницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и во најблиските регионални центри или работни единици на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството, ваи МИА.