Велешанец тешко повреден при пад од електричен велосипед
Објавено на 28 јули, 2025 во 12:13

Дваесет и осум годишниот Ј.Д од село Башино село, велешко, вчера наутро управувајќи електричен велосипед изгубил контрола и паднал на патот на улица „Раштански пат“. Тој се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Ургентен центар при Општа болница Велес.
Портпаролот на велешка болница соопшти дека пациентот се здобил со скршеница на лево рамо, направена му е опсервација и испратен е на клиниката за ортопедија.
Во Сектор за внатрешни работи Велес сообраќајната незгода била пријавена во 09:55 часот и извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.
Дума.мк


