Со свила против наелектризирана коса
Објавено: 11 февруари, 2014, во 10:49 часот
Во зима шаловите и капите се неопходни за да се заштитиме од студот. Но волнените асесоари често ни носат еден од најомразените бјути проблеми – наелектризирана коса.
Побогата хидратација и лак за коса помагаат да го ублажите проблемот со косата која лета на сите страни но проблемот и понатаму ве мачи. Затоа ви предлагаме едноставно решение со кое вашата коса ќе изгледа беспрекорно и во зимските месеци.
Марамата врзете ја околу главата пред да ја ставите капата или ставете ја под волнениот шал кога не носите капа. Свилената марама лесно можете да ја скриете а со неа повеќе нема да морате да се грижите за наелектризираната коса.
